ПРВ.мк
Македонија

Во матичните амбуланти забележано значително зголемување на случаи со стомачен вирус

Во матичните амбуланти забележано значително зголемување на случаи со стомачен вирус

Во последниот период, матичните лекари во Велес пријавуваат пораст на бројот на пациенти со симптоми на стомачен вирус. Иако ова заболување е присутно целата година, најчесто зафаќа помлада популација, особено во пролетните и летните месеци, сепак, овојпат е забележано зголемување и кај возрасните пациенти.

Стомачниот вирус предизвикува различни симптоми кои вклучуваат покачена температура, треска, настинка, гадење, повраќање и дијареа. Овие симптоми можат да бидат многу непријатни и да влијаат врз дневните активности на заразените лица. Затоа се препорачува да се внимава на хигиената, да се одржува добра исхрана и да се избегнува контакт со лица кои имаат симптоми на инфекција.

Матичните лекари во Велес апелираат до граѓаните да се јават навреме на лекар доколку почувствуваат симптоми и да ги следат упатствата за лекување и превенција за да се спречи ширењето на вирусот.

Escape