ПРВ.мк
Македонија

Девојче прегазено од пијан маж, оставена беспомошна на улица!

Девојче прегазено од пијан маж, оставена беспомошна на улица!

Тешка сообраќајна несреќа го потресе мирот на Македонска Каменица. 51-годишен маж, под силно дејство на алкохол, синоќа со автомобил удрил 13-годишна малолетничка и ја оставил повредена на улица – без да застане или да ѝ помогне.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 12 август околу 23:00 часот, на улицата „Каменичка“ во Македонска Каменица. Возачот, идентификуван како Г.А. (51), управувал со „Мерцедес“ со италијански регистарски таблички, кога удрил во 13-годишното девојче и веднаш потоа го напуштил местото на несреќата.

Наместо да повика помош или да остане на лице место, тој побегнал, но полицијата брзо реагирала. По интензивна потрага и преземени мерки, возачот бил пронајден во 02:10 часот и веднаш лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициското одделение во Македонска Каменица.

При алкотестирањето било утврдено дека возачот имал 1,99 промили алкохол во крвта – речиси четири пати над дозволеното. Девојчето, кое се здобило со тешки телесни повреди, било итно пренесено во Клиничката болница во Штип, каде ѝ е укажана лекарска помош.

Г.А. е задржан во полициска станица, а откако ќе биде целосно документиран случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Escape