ПРВ.мк
Балкан

Црна Гора ветува обештетување за граѓаните погодени од пожарите и воведува сериозни мерки за безбедност!

Црна Гора ветува обештетување за граѓаните погодени од пожарите и воведува сериозни мерки за безбедност!

На синоќешната важна седница на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора, присутни беа претседателот Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ, како и други високи функционери. Главната одлука беше дека Владата ќе обезбеди фер и навремено обештетување на сите граѓани чиј имот бил уништен или оштетен од пожарите што го зафатија регионот.

Советот одлучи да стават на располагање сите расположливи ресурси на земјата, вклучително и припадниците на Службата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи и Војската, со цел да се справат со пожарите. Особено беше изразено сочувство кон семејството на загинатиот војник Дејан Божовиќ, кој го загуби животот додека се бореше со огнената стихија, како и желба за брзо закрепнување на повредениот војник Марко Иковиќ.

Советот инсистира на сеопфатна истрага за причините за пожарите и бара построги законски мерки против пироманијата. Исто така, Владата е повикана да обезбеди финансиски средства за редовно одржување и опремување на воздухопловите, возилата и опремата за гаснење пожари во буџетот за 2026 година, како и за обука на припадниците на безбедносните служби.

Посебен акцент беше ставен на воспоставување систем и управување со единици за цивилна заштита, со што Црна Гора ќе биде подобро подготвена за идни инциденти.

Советот ја изрази својата благодарност до сите пријателски земји кои во овие тешки моменти испратија персонал, материјали, специјализирани возила и авиони, нагласувајќи дека вистинското пријателство се покажува во најтешките времиња.

На крајот, Советот ги повика сите на единство за заштита на животите, имотот и природните богатства на Црна Гора и искажа посебна почит кон волонтерите кои беа на првата линија во гаснењето на пожарите.

Escape