ПРВ.мк
Македонија

Скениравте фискални? Еве кога и како ќе ви легнат парите од МОЈ ДДВ за вториот квартал

Скениравте фискални? Еве кога и како ќе ви легнат парите од МОЈ ДДВ за вториот квартал

Исплатата на повратот на ДДВ за сите граѓани кои скенирале фискални сметки во вториот квартал од 2025 година (април, мај и јуни) ќе се изврши најдоцна до 31 август 2025 година, согласно законскиот рок од шеесет дена по завршувањето на кварталот. Доколку ги исполнувате условите и податоците за вашата трансакциска сметка се точни и ажурирани, средствата ќе ви бидат префрлени автоматски по завршување на обработката од страна на Управата за јавни приходи (УЈП).

Од досегашното искуство, најчести причини за одложување на исплатата се некоректно внесени или застарени податоци за трансакциската сметка во апликацијата „МојДДВ“. Такви ситуации се регистрираа и при претходните исплати за првиот квартал од 2025 година, како и за четвртиот квартал од 2024 година.

За да ја добиете исплатата без проблеми, потребно е: – Да проверите дали сите ваши скенирани фискални сметки се успешно евидентирани во апликацијата „МојДДВ“ – Да се уверите дека вашата трансакциска сметка е точно внесена и активна во системот на УЈП – Да ги следите официјалните соопштенија на УЈП и известувањата во апликацијата за актуелности

Така ќе бидете сигурни дека средствата ќе ви бидат исплатени навреме, без непотребни доцнења.

Escape