ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Ескалација во Нови Сад: Пиротехника, кршени прозорци и солзавец во жесток судир меѓу студенти и поддржувачи на СНС

(ВИДЕО) Ескалација во Нови Сад: Пиротехника, кршени прозорци и солзавец во жесток судир меѓу студенти и поддржувачи на СНС

Вечерва улиците на Нови Сад беа поприште на жестоки судири меѓу студентски демонстранти и симпатизери на Српската напредна странка (СНС). Инцидентот започнал пред партиските простории на улицата Стражиловска, каде што приврзаници на СНС испукале пиротехника и топовски истрели кон насобраните граѓани. Реакцијата на дел од демонстрантите била бурна – неколкумина кршеле прозорци на зградата.

Очевидци потврдуваат дека пиротехничките средства доаѓале од внатрешноста на просториите, а полицијата во почетокот била отсутна. Дури подоцна пристигнала интервентната единица, но и таа станала цел на фрлање предмети и користење солзавец.

Протестот започнал во студентскиот кампус, по што колона од студенти и група моторџии се упатила кон Стражиловска. За време на маршот, сообраќајната полиција го регулирала сообраќајот за да се овозможи непречено движење на демонстрантите.

Во меѓувреме, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, пристигнал во другите простории на партијата на Булеварот на ослободувањето. Протести се одржуваат и на други локации низ Војводина и Србија, а студентите испратија силна порака: „Стравот ја смени страната. Се гледаме вечерва.“

ВИДЕО

Escape