ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Хаос во Србија - Повредени граѓани, полицајци и новинари во протестите!

(ВИДЕО) Хаос во Србија - Повредени граѓани, полицајци и новинари во протестите!

Протестите во Србија, кои траат веќе девет месеци, кулминираа со насилни инциденти во вторникот навечер во градовите Врбас и Бачка Паланка. Во нередите беа повредени неколку демонстранти, најмалку четворица полицајци, како и новинар на терен.

Инцидентите се случија за време на антивладини протести организирани од студенти и граѓански иницијативи, кои со месеци протестираат поради трагичниот настан во Нови Сад, каде загинаа 16 луѓе. Протестите се насочени кон обвинувањата за корупција и несоодветна изведба на градежни проекти од страна на властите.

Во овие два града, демонстрантите се собраа пред локалните простории на владејачката Српска напредна странка (СНС), во знак на поддршка за претходно уапсените и повредените. Според извештаите на медиумите 021, N1 и видеа објавени на социјалните мрежи, групи приврзаници на СНС почнале да фрлаат пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните демонстранти. Биле забележани и огномети што дополнително ја влошиле ситуацијата.

Иако на местото имало присуство на полиција, сведоци тврдат дека тие не реагирале навремено за да ги спречат нападите. Од друга страна, Министерството за внатрешни работи соопшти дека токму демонстрантите ги нападнале приврзаниците на СНС и дека во судирот биле повредени четворица полицајци, меѓу кои и заменик-началникот на Полицијата во Нови Сад.

Новинарска екипа на N1 била исто така на мета – асистент-снимател бил погоден со два камена, во стомакот и во рамото. Итната помош интервенирала на лице место, по што неколкумина биле згрижени.

Медиумите пренесуваат дека нападите во двата града биле координирани, што ги поттикнало студентските организации да повикаат на дополнителни протести, кои во текот на ноќта се проширија и во Нови Сад, Белград и Ниш, каде демонстрантите повторно се собраа пред локалните канцеларии на СНС.

За време на протестите имало турканици со полицијата, а неколку учесници биле приведени под обвинение за попречување на службено лице. На социјалните мрежи се раширија видеа на кои граѓани јавно поставуваат прашања до полицијата – зошто не презела мерки за заштита на демонстрантите од нападите.

Јавниот сервис РТС само кусо извести за случувањата, додека провладините таблоиди ги нарекоа демонстрантите со тешки квалификации како „терористи блокатори“ и „дивјаци“, обвинувајќи ги дека им е цел „крвопролевање“.

Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе објави подетален извештај за настаните.

ВИДЕО

Escape