Американската манекенка од палестинско потекло, Бела Хадид, позираше без градник, следејќи го трендот „no bra“. Таа беше фотографирана во плетен топ и панталони со низок струк, а модниот избор привлече големо внимание од нејзините следбеници.
Сè повеќе жени го прифаќаат природниот изглед без градник како дел од движењето за позитивен став кон телото и љубов кон себе. На Инстаграм се појавија коментари како „Прекрасна си“, „Најубавата жена на светот“ и „Природното е најдобро“.

Бела позираше насмеана држејќи нов парфем од својот бренд Orebella и се заблагодари на своите следбеници за поддршката: „Ви благодарам што ми помогнавте да го остварам мојот сон, не само професионално, туку и креативно. Многу сум благодарна.“
Во постот таа се присети на своето детство, споделувајќи како некогаш го мразела фотографирањето, но денес ја прифаќа својата насмевка и радост.

На крајот, таа испрати и важно послание: „Слобода за Палестина! Знам дека ова мало радосно девојче би го извикало тоа од покривите.“