ПРВ.мк
Македонија

Кривична пријава за 59-годишен од Крива Паланка што влечеше куче со автомобил

Кривична пријава за 59-годишен од Крива Паланка што влечеше куче со автомобил

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 59-годишниот З.М. од Крива Паланка, поради брутален чин на злоупотреба на животно. Според информациите, на 13 август 2025 година, на магистралниот пат меѓу селото Жидилово и Крива Паланка, тој со својот автомобил „Фиат Панда“ врзал куче и го влечел по коловозот.

Истата вечер, во 14:45 часот, со осомничениот бил извршен службен разговор во Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против него е поднесена соодветна кривична пријава. Случајот предизвика силни реакции во јавноста и повторно ја отвори темата за заштита и хуман третман на животните.

Escape