ПРВ.мк
Свет

Алјаска подготвена за клучната средба Трамп – Путин: Украина постави црвени линии

Алјаска подготвена за клучната средба Трамп – Путин: Украина постави црвени линии

Во пресрет на утрешниот мировен самит во воената база „Елмендорф-Ричардсон“ во Енкориџ, Алјаска, каде во 11:30 часот по локално време (21:30 CET) ќе се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, Украина јасно ги дефинира своите барања – траен мир, силни безбедносни гаранции и значајни финансиски репарации од Русија.

Путин изјави дека Вашингтон прави „искрени напори“ да се стави крај на конфликтот, потенцирајќи дека двете земји би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје. Тој ги информирал највисоките руски воени и цивилни претставници за текот на преговорите со САД и за контактите со Киев.

Од другата страна, Трамп предупреди дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот би можело да ја комплицира динамиката со Путин.

Средбата се одржува во еден од најкритичните моменти за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година – конфликт што однел десетици илјади животи и предизвикал масовно раселување. Киев и ЕУ се загрижени дека Трамп може да го искористи овој самит за политички поени и кандидатура за Нобелова награда за мир, па веќе испратија предупредувања и поставија „црвени линии“ со цел да обезбедат поволен договор, особено спротивставувајќи се на евентуална реинтеграција на Русија во глобалната економија.

Escape