ПРВ.мк
Македонија

Девојче (9) прегазено од автомобил – со тешки повреди пренесено во болница!

Девојче (9) прегазено од автомобил – со тешки повреди пренесено во болница!

Во скопската општина Чаир синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која деветгодишно девојче беше тешко повредено откако врз неа налета автомобил.

Според официјалните информации, инцидентот се случил на улицата „Аухуст Цесарец“, кога патничко возило Renault Twingo, управувано од 21-годишниот Н.П. од Скопје, удрило во девојчето.

Како резултат на ударот, детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се уште нема информации за нејзината состојба по приемот.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се води истрага за околностите под кои дошло до трагичниот инцидент.

Escape