ПРВ.мк
Свет

„Не му должете пари!“ – Братот на Никола Јокиќ повторно го запали интернетот со новото појавување

„Не му должете пари!“ – Братот на Никола Јокиќ повторно го запали интернетот со новото појавување

Додека Никола Јокиќ се подготвува со српската кошаркарска репрезентација да нападне злато на Евробаскет, неговиот постар брат, Страхиња Јокиќ, повторно стана ѕвезда на социјалните мрежи.

Тој беше забележан на еден натпревар на Денвер Нагетс во Летната лига на НБА, каде што изгледаше, според зборовите на фановите, „како од акционен филм“ – масивен, со впечатлив став и сериозен израз на лицето.

Реакциите на навивачите беа мешавина од восхит и шега: „150 килограми чисти мускули“, „Не дај Боже да му должиш 50 евра“, „Може да глуми во Холивуд, изгледа страшно, ама веројатно е добар човек“. Многумина го гледаат како заштитник кој му овозможува на Никола мирно да игра, додека тој „надвор од теренот завршува што треба“.

Останува да се види дали Јокиќевите браќа ќе бидат и на трибините на Евробаскет, каде што без сомнеж повторно би привлекле големо внимание.

Escape