Во Данска се случи сериозна железничка несреќа кога воз излета од шините. Сликите од местото на несреќата покажуваат вагон кој се одвоил од возот и лежи настрана, објави данската телевизија TV2.
Според полицијата, од 95 патници во возот, едно лице загинало, а неколку се повредени. Двајца од повредените биле префрлени со хеликоптер во болница, информираат од регионалната полиција во Јужен Јитланд.
Несреќата се случила кога возот удрил во возило на премин, според Банеданмарк, националниот железнички оператор.
Државните железници DSB соопштија дека се прекинати сите патувања меѓу градовите Клиплев и Тинглев, во близина на границата со Германија.