Регионалниот пат Тетово–Јажинце е целосно блокиран во двата правци поради пожар кој зафатил дел од трасата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајот е во прекин на делницата од селото Старо Село кон Јажинце, каде на терен се распоредени работни машини и багери кои вршат ископ за да спречат проширување на огнот.
Од МВР апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец сè додека не се стави под контрола пожарот и не се нормализира состојбата. За повторното воспоставување на сообраќајот јавноста ќе биде дополнително информирана.