Германците, некогаш познати како големи љубители на готовина, сè повеќе користат дебитни и кредитни картички, покажува новата студија на порталот Verivox. Во јуни 2023 година, 53% од испитаниците би платиле со готовина при купување од 20 евра во странство, додека денес тој процент паднал на само 34%.
Во Германија, над 51% од граѓаните сега претпочитаат плаќање со картичка, а при патувања таа навика е уште поизразена – 55% користат картички во рамките на еврозоната, а над 56% надвор од неа. Истражувањето било спроведено во август од институтот Innofact на репрезентативен примерок од 1.031 лице на возраст од 18 до 79 години.