ПРВ.мк
Спорт

Реал Мадрид подготвен да го продаде Винисиус

Реал Мадрид подготвен да го продаде Винисиус

Винисиус Жуниор, кој има договор со Реал Мадрид до летото 2027 година, се најде во центарот на трансфер шпекулациите ова лето. Иако челниците на „кралевите“ се обидуваат да го продолжат договорот, односот меѓу двете страни се излади откако бразилскиот напаѓач повторно ја одби новата понуда од клубот.

Според информации на „Индикаила њуз“, Винисиус е подготвен да го напушти Реал ова лето, а Манчестер Сити веќе започна преговори со неговите агенти. Бразилецот не би рекол „не“ на трансфер во тимот на Пеп Гвардиола, иако се загрижен поради 115-те обвиненија за финансиски криминал што ја следат англиската екипа. Сепак, раководството на Сити го уверува дека неговиот престој нема да биде компромитиран.

Реал Мадрид е спремен да се раздели со Винисиус за цена од околу 150 милиони евра, а сега останува да се види дали Манчестер Сити ќе ја плати бараната сума. Според шпанските медиуми, бразилскиот фудбалер бара плата идентична на онаа на Килијан Мбапе (приближно 30 милиони евра) и значаен бонус за потпишување, што Реал не е подготвен да го исполни, што дополнително го зближува крајот на соработката.

Да потсетиме, Винисиус пристигна во Реал Мадрид од Фламенго во 2018 година за 45 милиони евра и од тогаш стана еден од најважните играчи на „Галактикосите“.

Escape