ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Скопје: Турски државјанин најден мртов во хотел на Бит Пазар

Трагедија во Скопје: Турски државјанин најден мртов во хотел на Бит Пазар

Во скопски хотел на подрачјето на Бит Пазар утрово е пронајден починат 44-годишен турски државјанин со иницијали А.З. Настанот бил пријавен во СВР Скопје на 15 август 2025 година, околу 07:37 часот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без да бидат забележани траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Escape