ПРВ.мк
Македонија

Скопје ќе грми: Артилериски плотуни во чест на Денот на Армијата

Скопје ќе грми: Артилериски плотуни во чест на Денот на Армијата

Граѓаните на Скопје ќе бидат сведоци на ретка и свечена глетка – по повод одбележувањето на Денот на Армијата, утре во касарната „Илинден“ ќе се изведе почесна артилериска стрелба. Настанот е закажан за 17 август 2025 година (недела) со почеток во 19:00 часот, кога артилерискиот баталјон ќе испука десет плотуни од шест орудија.

Во рамки на подготовките, истиот ден во 18:00 часот ќе се одржи и пробна стрелба со еден плотун. Од Армијата апелираат граѓаните да бидат информирани и да не се вознемируваат од грмежите што ќе одекнуваат низ главниот град.

Настанот претставува дел од официјалните активности со кои традиционално се одбележува Денот на Армијата, потсетувајќи на нејзината улога и значење за државата.

Escape