Регионалниот пат Р1106 кој ги поврзува Македонски Брод и Скопје е целосно затворен за сообраќај поради големиот пожар што беснее во националниот парк „Јасен“, соопшти Автомобилската Мото-Сојуз на Македонија (АМСМ).
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). Се работи за мешана шума, а сите достапни ресурси се користат за да се спречи ширење на огнот.
„Врз пожарот во ловиштето ‘Јасен’ рано утрово со дејство почнаа 30 припадници на специјалните единици ‘Волци’ и ‘Ренџери’. Иако вчера делумно го контролиравме пожарот, се работи за тежок за гаснење пожар, па екипите остануваат на терен и денеска“, изјави Ангелов.
Според него, стратегијата на спасувачките служби е пожарот да биде пресретнат и стопиран, со цел во текот на денот да се стави под делумна контрола. Ситуацијата останува сериозна, а властите апелираат до граѓаните да ги следат предупредувањата и да не се приближуваат до загрозените подрачја.