ПРВ.мк
Свет

Трамп ја менува играта: Наместо примирје, сега бара траен мировен договор за Украина

Трамп ја менува играта: Наместо примирје, сега бара траен мировен договор за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп направи целосен пресврт во својата политика кон Украина. Наместо на итен прекин на огнот, тој сега инсистира на постигнување долгорочен мировен договор кој би ставил дефинитивен крај на војната, јавува германската агенција ДПА.

„Средбата со рускиот претседател Владимир Путин помина одлично, исто како и телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со повеќе европски лидери, вклучувајќи го и генералниот секретар на НАТО“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој истакна дека најдобриот пат кон мир е не само договор за примирје, туку целосен договор за завршување на војната. Оваа изјава доаѓа по неговата посета на Алјаска, која ја оцени како „успешна и историски значајна“.

Зеленски, според најавите, наскоро ќе пристигне во Вашингтон, а Трамп не исклучи можност и за нова средба со Путин ако преговорите се движат во позитивна насока.

Вреди да се потсети дека само пред неколку дена, Трамп тврдеше дека единствено решение е моментален прекин на огнот – што ја прави неговата нова позиција голем пресврт во геополитичката игра.

Escape