ПРВ.мк
Спорт

Најскапиот фудбалер со 2,5 милиони евра месечно – листата на најплатени фудбалери во Премиер лигата

Најскапиот фудбалер со 2,5 милиони евра месечно – листата на најплатени фудбалери во Премиер лигата

Со почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата. На врвот е Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, кој неделно заработува 525.000 фунти (околу 610.000 евра), што на месечно ниво изнесува неверојатни 2,44 милиони евра.

На второто и третото место се Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк од Ливерпул, додека четврти е Касемиро од Манчестер Јунајтед. Остатокот од листата ја сочинуваат врвни ѕвезди од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал, со неделни плати кои се движат од 280.000 до 400.000 фунти.

Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата:

  1. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 525.000 фунти
  2. Мохамед Салах (Ливерпул) – 400.000 фунти
  3. Вирџил ван Дијк (Ливерпул) – 350.000 фунти
  4. Касемиро (Манчестер Јунајтед) – 350.000 фунти
  5. Рахим Стерлинг (Челзи) – 325.000 фунти
  6. Бернардо Силва (Манчестер Сити) – 300.000 фунти
  7. Бруно Фернандес (Манчестер Јунајтед) – 300.000 фунти
  8. Џек Гралиш (Манчестер Сити) – 300.000 фунти
  9. Омар Мармуш (Манчестер Сити) – 295.000 фунти
  10. Каи Хаверц (Арсенал) – 280.000 фунти
Escape