Мохамед Салах не можеше да ги скрие емоциите по победата на Ливерпул над Борнмут со 4:2 на отворањето од новата сезона во Премиер лигата. Натпреварот, покрај возбудливата игра, беше исполнет со силни чувства за Диогу Жота, долгогодишниот соиграч на Салах, кој загина минатиот месец во сообраќајна несреќа.
Салах постигна гол и го посвети на Жота, а потоа беше видливо потресен, слушајќи песни и пораки од трибините. На крајот од натпреварот се расплака како дете, откривајќи една неговата емотивна страна која ретко се гледа.
Тренерот Арне Слот истакна дека Жота многу недостига во тимот и дека неговото влијание како „златен џокер“ од клупата било клучно за Ливерпул во минатото. Овој натпревар беше првиот на „Енфилд“ по трагичната загуба на Жота, момент што ја направи победата уште посилна и емоционална за целиот тим.