ПРВ.мк
Свет

Емоции на „Молине“: Навивачите на Вулверхемптон со спектакуларна кореографија во чест на Диого Жота

Емоции на „Молине“: Навивачите на Вулверхемптон со спектакуларна кореографија во чест на Диого Жота

Пред почетокот на големото дерби меѓу Вулверхемптон и Манчестер сити, домашните навивачи создадоа неверојатна атмосфера на стадионот „Молине“, изведувајќи кореографија посветена на Диого Жота – португалскиот напаѓач кој трагично загина ова лето.

Фановите на „Волците“ подигнаа транспаренти и светлечки форми кои ја исполнија трибината со симболика поврзана со неговото време поминато во клубот. Со оваа емотивна порака тие му оддадоа почит на фудбалерот кој од 2017 до 2020 година беше едно од најважните имиња на тимот, постигнувајќи 33 голови во сите натпреварувања.

За навивачите, Жота остана повеќе од играч – симбол на борбеност и посветеност, а денеска ја испратија пораката дека никогаш нема да биде заборавен. „Ќе го паметиме како оди по златните полиња“ – беше дел од натписот што го облеа стадионот во тишина и аплаузи, создавајќи сцена која остави силен впечаток и кај противничките навивачи.

Оваа вечер на „Молине“ остана запаметена не само по натпреварот, туку и по искрената љубов и благодарност што публиката ја покажа кон Жота, играч кој остави длабока трага во историјата на Вулверхемптон.

Escape