Кремљ објави видеоснимки кои прикажуваат моменти зад сцената од средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп во Алјаска. Иако официјални договори не беа постигнати, јасно е дека Путин ја смета средбата за дипломатски успех – не поради резултатите на преговорите, туку поради начинот на кој беше пречекан на американска почва, пренесува Би-Би-Си.
По години на изолација и ограничувања за патувања поради потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд, Путин сега беше пречекан со сите почести: црвен тепих, придружба од американски борбени авиони и протокол на највисоко ниво. За Москва, овој прием претставува јасен сигнал дека Путин повторно е третиран како светски играч на најголемата сцена.
Снимките прикажуваат и моменти кои предизвикаа дополнителни реакции: американскиот државен секретар Марко Рубио, кој до неодамна важеше за еден од најгласните поддржувачи на Украина, се поздравува со Путин по иницијатива на Трамп. На други кадри, двајцата претседатели можат да се видат како пријателски разговараат во неформална атмосфера, далеку од формалните преговори.
Кремљ ја искористи оваа објава за да го потенцира „пресвртот“ во односот на Вашингтон кон Москва. Но, и покрај топлиот прием и симболичните гестови, Путин не мораше да направи никакви отстапки ниту да ја прекине воената кампања во Украина – што отвора прашања дали Москва доби дипломатска победа без да понуди нешто за возврат.
Видео: