ПРВ.мк
Македонија

Скопјанка фатена на автопатот „Пријателство“ додека превезувала шест мигранти од Египет

Скопјанка фатена на автопатот „Пријателство“ додека превезувала шест мигранти од Египет

На 15 август 2025 година, во 19:20 часот, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ лишија од слобода М.П. (39) од Скопје. Таа била сопственик и возач на патничко моторно возило „Шкода Октавиа“ со скопски регистарски таблички, во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.

Претходно, полицијата во с. Богородица забележала влегување на мигрантите во возилото, по што биле преземени мерки и возилото било сопрено. Скопјанката е лишена од слобода и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава. Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Escape