ПРВ.мк
Македонија

Контролорите ќе ги казнуваат оние кои неразумно ја трошат водата за пиење

Контролорите ќе ги казнуваат оние кои неразумно ја трошат водата за пиење

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира дека и покрај бројните апели за рационално користење на водата, се забележува голем број граѓани кои ја трошат нерационално. Контролорите веќе секојдневно излегуваат на терен и регистрираат неправилности на повеќе булевари и улици во градот, меѓу кои „Никола Карев“, „Македонско-косовска бригада“, „Јане Сандански“, „Христо Татарчев“, како и улиците „Прохор Пчински“, „Костурска“, „Бутелски венец“ и други.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел заштита на водата за пиење од злоупотреба и обезбедување рационално користење на овој ценет ресурс.

Escape