ПРВ.мк
Свет

Шок на Трибеч: Гол маж со дилдо на стап ги исплаши туристките

Шок на Трибеч: Гол маж со дилдо на стап ги исплаши туристките

Две пријателки кои уживаа во планинскиот венец Трибеч доживеаa шок кога пред нив искочи гол маж со дилдо набоден на стап. Мажот носел само фантомка и влечки и се појавил додека туристките се движеле кон урнатините на замокот Гимеш, објави словачката телевизија JOJ.

„Тој истрча од грмушките, застана пред нас и нè праша дали сме сами“, раскажува една од туристките. Додаде дека мажот им се извинил ако ги исплашил и рекол дека не очекува да сретне некого бидејќи бил понеделник. Сепак, кога тие се свртеле, виделе дека ги следи, што ги исплашило.

За да не покажат страв, туристките застанале и побарале да го фотографираат, на што мажот се согласил без двоумење. „Среќа што бевме две, не можам ни да замислам како би се справила сама“, рече таа.

Мажот им открил дека често шета гол низ шумата бидејќи го опушта, а потоа исчезнува во дрвјата. Инцидентот не бил пријавен во полиција бидејќи не им нанесол повреди.

Интересно е што речиси идентичен случај бил забележан и во градот Шаља, но се претпоставува дека станува збор за различни егзибиционисти.

Escape