ПРВ.мк
Свет

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за судбината на украинските и руските деца

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за судбината на украинските и руските деца

Првата дама на САД, Меланија Трамп, лично напиша писмо до рускиот претседател Владимир Путин, во кое ја потенцира тешката положба на децата во Украина и Русија, објавија официјални лица на Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп му го предаде писмото на Путин за време на самитот во Алјаска, додека Меланија, која е Словенка, не го придружувала сопругот.

Содржината на писмото не е целосно откриена, освен што се споменуваат киднапирања на деца како резултат на војната во Украина. Украина го смета однесувањето на Русија кон десетици илјади украиниски деца за воено злосторство и геноцид, додека Москва тврди дека ги штити децата од воените зони.

Во рамките на самитот, Трамп и Путин разговараа речиси три часа, но не постигнаа договор за прекин на огнот во војната.

Escape