Во психијатриската болница во Бардовци повторно се случи насилен инцидент. На 13 август околу 23:50 часот, 49-годишен пациент од Скопје (М.С.) со остар предмет нападнал 39-годишен пациент од село Горно Коњари (А.С.), кој исто така бил хоспитализиран таму.
Нападот бил пријавен следното утро во СВР Скопје, а МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Овој инцидент доаѓа само неколку недели по шокантното убиство во истата болница, кога пациент со скршено шише усмрти друг пациент. Тогаш јавноста беше особено вознемирена од информациите дека сторителот со години можел слободно да ја напушта установата и да се движи низ населбата Ѓорче Петров.