ПРВ.мк
Црна Хроника

Потерница по 18-годишен Македонец во Црна Гора – осомничен за брутален обид за убиство во хотелски комплекс

Потерница по 18-годишен Македонец во Црна Гора – осомничен за брутален обид за убиство во хотелски комплекс

Црногорската полиција трага по 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, кој е осомничен за обид за убиство на 56-годишниот Марко Љубиша – Кан, жител на Будва.

Инцидентот се случил пред осум дена во Пржно, во рамки на хотелски комплекс, каде осомничениот испукал два истрела кон жртвата, погодувајќи го во главата. Брзата лекарска интервенција му го спасила животот на Кан, кој по краток престој во болница е пуштен на домашно лекување.

Напаѓачот побегнал и оттогаш му се губи трага. Полицијата апелира до граѓаните веднаш да пријават доколку го забележат Танасковски или ако им побара сместување, предупредувајќи дека прикривањето информации е кривично дело.

Истрагата покажала дека нападот бил однапред испланиран. Осомничениот престојувал во хотел користејќи фалсификувана српска лична карта на име Ј.Г., роден во септември 2006 година, за да се инфилтрира и подготви за делото.

Против него е поднесено обвинение за обид за убиство, недозволено поседување оружје и експлозивни средства и фалсификување документи.

Escape