Вечерва на скопската обиколница, на потегот меѓу Волково и Стенковец, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила. Според очевидци, движењето во овој дел е значително отежнато, а полициски екипи се присутни на терен и го регулираат сообраќајот.
Несреќата се случила на слабо осветлен дел од обиколницата, поради што надлежните апелираат возачите да бидат крајно внимателни при минување низ оваа траса. Засега нема официјални информации дали во верижниот судир има повредени лица.