ПРВ.мк
Свет

Ослободен Украинец по 4.000 дена во руски затвор – историска размена пред средбата Трамп–Путин

Ослободен Украинец по 4.000 дена во руски затвор – историска размена пред средбата Трамп–Путин

Украина и Русија спроведоа нова голема размена на затвореници, во која биле ослободени вкупно 84 лица – 33 војници и 51 цивил. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Телеграм канал објави дека во процесот помогнале Обединетите Арапски Емирати, изразувајќи им благодарност за поддршката.

Ова е 67-ма размена од почетокот на војната, а се случила еден ден пред закажаната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во американската држава Алјаска.

Според украинскиот штаб за воени заробеници, размената се одвивала на границата со Белорусија. Меѓу ослободените има лица кои биле држени во сепаратистичките региони на источна Украина под контрола на Москва од 2014 до 2022 година, меѓу кои и три жени од Донецк и Луганск.

Особено потресен е случајот на еден Украинец кој бил заробен уште во 2014 година и поминал повеќе од 4.000 дена во заробеништво – речиси 11 години, сè до денешното враќање дома.

Escape