ПРВ.мк
Свет

Кинезите пресекоа планина за чудо од мост: Двочасовно патување скратено на минута

Кинезите пресекоа планина за чудо од мост: Двочасовно патување скратено на минута

Во кинеската покраина Гуиџоу, до крајот на септември ќе биде отворен мостот Хуаџијанг – градежно чудо кое ќе стане највисокото во светот, издигајќи се 625 метри над кањонот на реката Бејпан.

Со вкупна должина од 2.880 метри и челична конструкција тешка над 22.000 тони, овој колос бил изграден за нешто повеќе од три години, поврзувајќи ги градовите Лиужи и Анлонг преку терен кој со децении бил непремостлива пречка за сообраќајот.

Гуиџоу, каде 92% од површината е покриена со планини и карпи, претставува вистински предизвик за инфраструктурни проекти. Наместо да копаат бескрајни тунели, кинеските инженери буквално ги отсекле врвовите на планините за да го отворат патот за новата траса.

Порано преминувањето на овој кањон траело речиси два часа, но со отворањето на мостот, патувањето ќе се скрати на помалку од две минути, претворајќи го регионот во нова транспортна артерија и туристичка атракција.

Escape