Охридската полиција поднела кривична пријава против 19-годишен жител на Струга поради сомнение за изнуда.
Според информациите од МВР, во периодот од 4 до 12 август 2025 година, осомничениот преку мобилна апликација побарал 20.000 евра од лице од Охрид, упатувајќи му закани.
При полициската акција, кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен. Судот му одредил притвор и тој е спроведен во Затворот во Охрид.