ПРВ.мк
Црна Хроника

Малолетник со смртоносна мисија: Убиство со автоматска пушка во центарот на Тетово!

Малолетник со смртоносна мисија: Убиство со автоматска пушка во центарот на Тетово!

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага за крвав инцидент што го потресе градот викендов, во кој загина едно лице, а неколку други беа сериозно повредени. Во трагичниот настан учествувале четири лица – тројца возрасни и едно дете, при што едно 15-годишно момче е осомничено дека директно учествувало во убиството со автоматска пушка.

Престрелката се случила на 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово. Според информациите на обвинителството, едно лице и детето родено во 2010 година, со умисла користеле автоматско оружје кое е строго забрането за цивили, и отвориле оган кон патничко возило – „Голф“, во кое се наоѓал сега починатото лице.

Куршумите го погодиле возачот смртно, додека совозачот бил погоден во градниот кош и се здобил со тешки повреди опасни по животот. Во инцидентот било повредено и дете родено во 2012 година, кое случајно се нашло во близина – погодено е во ногата од еден од залутаните проектили.

По првичната пукање, осомничениот и малолетникот побегнале од местото на настанот, но тоа не било крајот на хаосот. Имено, втор осомничен и уште едно лице, иако еден од нив бил веќе ранет, извадиле пиштоли и почнале да пукаат кон возилото што заминувало, при што повторно погодиле едно лице, кое добило тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во автомобил управуван од жена, со што и нејзината безбедност била сериозно загрозена.

Истрагата е во тек, а јавниот обвинител предложи притвор за сите четворица осомничени, вклучувајќи го и малолетникот. Освен обвинението за убиство, тие се товарат и за доведување во опасност на животот на повеќе лица, нелегално поседување оружје и нарушување на јавниот ред и мир.

Escape