75-годишна македонска државјанка беше пронајдена без знаци на живот вчера попладне на плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида, близу првиот крак на Халкидики.
По повикот, екипа на итната медицинска помош и укажа прва помош, а потоа жената беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите ја констатираа смртта.
Надлежните органи наредија обдукција во Институтот за судска медицина во Солун за да се утврдат причините за трагичниот случај.
Според информациите на МИА, ова е четврти случај на удавување на македонски државјанин на грчките плажи ова лето. Во изминатите два месеци, животот го загубија и 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж близу Кавала.