Вишото јавно обвинителство во Белград наложи итна акција за откривање и идентификување на сите лица кои нападнале полицајци за време на, како што беше наведено, нерегистрирани граѓански собири во српската престолнина, пренесува Н1 телевизија.
Според соопштението, сите кои употребиле физичка сила против органите на редот ќе бидат кривично гонети за „насилно однесување на спортски настан или јавен собир“ согласно член 344а од Кривичниот законик.
Од институцијата нагласуваат дека уличното насилство во Белград не смее да остане неказнето, особено кога е насочено против службени лица задолжени за обезбедување на јавниот ред и мир.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, потврди дека најмалку 15 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите, што дополнително ја засили решеноста на властите да го истераат случајот до крај.