Ако сакате појадок кој ќе ги освои сите во домот, овие домашни кроасани се совршен избор. Тие се идеални и за попладневна ужинка или за посебни пригоди, а подготовката е едноставна и забавна, додека резултатот ќе ве награди со совршено меко тесто одвнатре и крцкава кора однадвор. Можете да ги направите солени или слатки, празни или полнети, изборот е целосно ваш.
Состојки:
- 20 г квасец
- 3 лажици масло
- 2 дл млеко
- 1 дл вода
- 1 лажица сол
- 1 лажичка шеќер
- 400–500 г брашно (по потреба)
- 100 г путер (омекнат)
- 1 јајце за премачкување
Подготовка:
- Во млака вода растворете го квасецот со една лажичка шеќер и оставете го неколку минути да се активира. Во голем сад истурете топло млеко, масло и сол, па додајте го активираниот квасец и добро измешајте.
- Постепено додавајте брашно и месете мазно, меко тесто. Не мора да го искористите целото брашно, важно е тестото да остане еластично и меко. Покријте го и оставете го на топло место да нарасне околу 1 час.
- Кога тестото ќе нарасне, префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 8 еднакви топчиња. Секое топче расукајте го во круг со големина на мала чинија.
- Намачкајте омекнат путер врз секој круг, освен последниот, и наредете ги еден врз друг, завршувајќи со оној без путер.
- Развлечете го сложеното тесто во голем круг што е можно потенок. За помали кроасани исечете го на 32 триаголници, а за поголеми доволно се 16.
- Исечете лесно врвот на секој триаголник и тркалајте ги кроасаните нанадвор. Нежно истегнете го предниот дел додека ги тркалате, свиткајте ги малку навнатре и наредете ги во плехот. Оставете ги да отстојат уште 30 до 60 минути на топло.
- Премачкајте ги со изматено јајце и по желба посипете со сусам или груб шеќер.
- Печете во претходно загреана рерна на 250°C околу 15 минути, додека не добијат убава златно-кафеава боја. По желба наполнете ги со нутела, џем или друг омилен фил.
Овие кроасани се совршено меки одвнатре, крцкави однадвор и ќе ги освои сите сетила, станувајќи омилен дел од вашата кујна.