Актерот Орландо Блум, кој неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Кејти Пери, драстично ослабе за потребите на својата нова улога во филмот „The Cut“ и откри како поминал низ тој тежок процес.
Ѕвездата од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ изгуби точно 14 килограми и признава дека е изненаден од тешкотиите што ги преживеал.
Во филмот, тој го игра ликот на поранешен боксер кој се обидува да се врати во рингот, што бараше да го прилагоди својот изглед според улогата.
„Она што не го очекував беше психолошкиот данок што го носи оваа дисциплина. Се чувствував параноично и вознемирено, особено поради недостатокот на сон, бидејќи не можете да спиете кога сте гладни“, призна Блум.
Тој не бил сам во оваа борба, бидејќи цели три месеци бил под строга контрола на нутриционист. Редовно му била следена крвната слика за да се осигура дека здравјето не му е загрозено.
Исхраната му била строго регулирана, а кон крајот на снимањето морал дури и да го ограничи внесот на вода за да ја достигне најниската можна тежина за последните сцени, пишува Индекс.хр.
„Почнав опсесивно да размислувам за храна и дури сонував што ќе јадам кога ќе ја завршам диетата од туна и краставици“, искрено призна актерот.
По завршувањето на снимањето, Орландо полека се враќал на нормалниот начин на живот, повторно усвојувајќи здрави навики и чувство на рамнотежа.