На 16 и 17 август, Крушево ќе биде домаќин на 11-тото издание на фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ – настан кој обединува спорт, забава, храна и музика, сместени во живописниот амбиент на Мечкин Камен и крушевската корија.
Фестивалот ги нуди следниве активности:
- Кампување на Мечкин Камен со сите придружни содржини
- Планински велосипедизам (МТБ) на три патеки
- Планинарска тура низ крушевската корија
- Тандем летови со параглајдер
- Дегустација на крушевски специјалитети подготвени од здружението „Слоу Фуд – Прилеп“
- Журка во корија со настапи на DJ OLDSCHOOL SELECTOR и групата „Романса“
Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) – Прилеп, во соработка со Општина Крушево.
Велосипедски тури (недела, 17 август 2025)
Мала МТБ тура „Крушево низ корија“
- Должина: 15 км
- Елевација: 300 м
- Категорија: лесна
- За лица со нормална физичка подготвеност
Средна МТБ тура „Крушево низ корија“
- Должина: 30 км
- Елевација: 700 м
- Категорија: средно тешка
- За лица со просечна физичка подготвеност
Голема МТБ тура „Крушево низ корија“
- Должина: 40 км
- Елевација: 1000 м
- Категорија: тешка
Тандем летови со параглајдер (сабота и недела, 16/17 август 2025)
- Време: од 10:00 до 19:30 часот
- Локација: Крушевско Поле
- Летови со професионални инструктори
Планинарска тура (недела, 17 август 2025)
- Релација: Мечкин Камен – Крушево
- Должина: 14 км
- Категорија: средно тешка
- Прилагодена за учесници од 7 до 77 години
- 80% од патеката се движи низ сенката на крушевската корија
- Посета на манастирите Св. Василиј и Св. Спас (со пунктови за освежување)
- Природна пивка вода достапна долж рутата
- Турата завршува во Крушево со можност за разглед на културни знаменитости
Повик до сите љубители на авантурата, природата и дружењето: Уживајте во убавините што ги нудат Крушево и крушевската корија – фестивал што обединува спорт, традиција и искрен доживувачки туризам на едно место.