Пари Сен Жермен повторно го подигна европскиот трофеј, откако во спектакуларен меч со неверојатен пресврт стигна до победа над Тотенхем во Суперкупот на УЕФА. Иако „петлите“ водеа со 2:0 до 85-тата минута, „светците“ успеаја да израмнат на 2:2 и на крајот, по пенал-рулет, да слават со 4:3.
Мечот започна со две големи новини – за ПСЖ, ова беше прв натпревар без Џанлуиџи Донарума меѓу стативите, додека за Тотенхем, првпат по скоро една деценија играа без Хјунгмин Сон, а на клупата дебитираше новиот менаџер Томас Франк.
Тотенхем изгледаше како сигурен победник кога Мики ван де Вен погоди во 39. минута, а Кристијан Ромеро ја зголеми предноста. Сепак, резервистите на ПСЖ го променија текот на мечот – Ли намали во 85-та, а Рамош во 94-та минута израмни и го однесе мечот во пенали.
Во серијата пенали, Тотенхем прв стекна предност откако Витиња промаши, но сè се сврте кога голманот Шевалије го одбрани ударот на Ван де Вен, а Тел промаши во следниот обид. ПСЖ ја искористи шансата и со ладнокрвна реализација го освои Суперкупот.