ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешко повреден 19-годишен мотоциклист од Тетово во сообраќајна несреќа во Скопје

Тешко повреден 19-годишен мотоциклист од Тетово во сообраќајна несреќа во Скопје

Вчера околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Хасан Приштина“ во Скопје. Судириле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (35) од Скопје, и мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Н. (19) од Тетово.

Возачот на мотоциклот З.Н. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник А.П. (18) и возачот на „мерцедесот“ Т.С. се здобиле со полесни телесни повреди. Сите повредени се згрижени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините продолжува.

Escape