Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека секое распоредување на вооружување од страна на Москва е одговор на активностите на Вашингтон и неговите сојузници. Тој нагласи дека американските системи сè почесто се позиционираат во региони кои директно ја загрозуваат безбедноста на Русија.
И покрај затегнатите односи, Рјабков забележа и први знаци на здрав разум во руско-американските врски, кои недостасуваа во изминатите години.
Во изјавата тој истакна дека, покрај ракетите „Орешник“, Русија располага и со друго „најсовремено оружје“, но сепак го потенцира ризикот од нуклеарен конфликт.
Рјабков повика на политичка волја за постепено намалување на тензиите во евроатлантскиот регион и предупреди дека светот се соочува со премногу конфликти на различни фронтови.