ПРВ.мк
Свет

Мексико екстрадираше 26 припадници на нарко-картели во САД!

Мексико екстрадираше 26 припадници на нарко-картели во САД!

Мексико ја предаде на САД група од 26 лица поврзани со нарко-картели, кои беа баран од американските власти, јавува „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори блиски до случајот.

Лицата се осомничени за активности поврзани со трговија со дрога и други криминални дела на територијата на Соединетите Американски Држави. Министерството за правда на САД побарало нивна екстрадиција, при што мексиканската влада истакна дека не се бара смртна казна за нив.

Оваа акција е дел од засилените напори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за борба против нарко-картелите во регионот. Минатата недела, Трамп потпиша наредба за овластување на Пентагон да користи воена сила против одредени криминални групи.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум потврди дека американски воени сили нема да влегуваат на мексиканска територија, додека САД воведоа санкции против четири лица поврзани со нарко-картелот Дел Норте, меѓу кои и хип-хоп музичарот Ел Макабелико.

Escape