ПРВ.мк
Балкан

Војаж и Карлеуша во жесток онлајн судир околу студентските протести

Војаж и Карлеуша во жесток онлајн судир околу студентските протести

Во екот на студентските протести во Србија, кои вчера прераснаа во конфликти, на социјалните мрежи се судрија раперот Војаж и пејачката Јелена Карлеуша.

Карлеуша на Твитер го нападна Војаж, обвинувајќи го дека ги нарекува студентите „бандити и хулигани“ и дека со својата „платформа и пилешки мозок“ поддржува насилство и непочитување на законот. Таа рече дека такви луѓе треба да бидат „отсечени од јавниот етер“ и ги нарече „предавници на Србија“.

Војаж одговори преку Инстаграм, обвинувајќи ја Карлеуша дека ја „продала својата чест и образ“ и дека е една од причините за поделбите во нацијата. Тој ја нарече „најконтрадикторна личност во шоу-бизнисот“ и ја обвини дека нејзините концерти се финансирани со „валкани и крвави пари“.

Раперот тврдеше дека луѓето одат на нејзини концерти без да сакаат и без да плаќаат билети, а неа ја обвини дека „нема ’рбет, нема идеал и не заслужува да се нарече Србин“.

Последниве месеци, Карлеуша изгуби дел од поддршката од своите обожаватели, бидејќи од жесток критичар на претседателот Александар Вучиќ се претвори во негова поддржувачка, со секојдневни напади кон сите кои го критикуваат или ги поддржуваат протестите.

Escape