Летот со кој рускиот претседател Владимир Путин отпатувал за Алјаска, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, стана најследениот лет во светот, според податоци на веб-страницата „Флајт радар“.
Авионoт Ту-214, за кој се смета дека го превезувал Путин, денес влегол во воздушниот простор на САД и го следеле повеќе од 80.000 луѓе онлајн.
И авионот на Трамп денес слетал во Алјаска, каде што двајцата лидери ќе имаат средба. Според Ројтерс, авионот на Путин слетал малку по 20:15 часот по средноевропско време.