Синот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, одби да ѝ се извини на првата дама на САД, Меланија Трамп, за тврдење дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн ја запознал со Доналд Трамп.
Хантер, во интервју за „Канал 5“, со пцовки рече дека извинување „нема да се случи“. Изјавата предизвика жестока реакција од Меланија и нејзиниот правен тим, кои ја нарекоа тврдењето „лажно, клеветничко и провокативно“ и најавија тужба од 1 милијарда долари ако не ја повлече.
Во своите мемоари, Меланија тврди дека се запознала со Трамп на модна забава во Њујорк во 1998 година, преку агент за модели, а не преку Епштајн.
Правниците на првата дама испратиле официјално писмо до Бајден на 6 август, предупредувајќи дека ако не ги избрише своите изјави, ќе следат сите законски чекори за заштита на нејзината чест и углед.