ПРВ.мк
Македонија

Видео од хаосот во Скопје: Пожар проголта објекти во населба Даме Груев – сведоци слушале експлозии

Видео од хаосот во Скопје: Пожар проголта објекти во населба Даме Груев – сведоци слушале експлозии
Escape

Голем пожар избувна попладнево во скопската населба Даме Груев, во близина на железничката станица во Ѓорче Петров. Огнената стихија зафати дивоизградени објекти што се користеле како штали за добиток и предизвика паника кај жителите.

Очевидци пријавиле дека се слушнале неколку експлозии, а според нивни искази, се стравува дека човекот кој живеел и се грижел за шталите бил внатре во моментот кога избувнал пожарот. Засега нема потврда за неговата судбина.

На терен интервенираат неколку противпожарни возила кои се обидуваат да го локализираат пожарот. Очекуваме повеќе информации од Центарот за управување со кризи, Противпожарната бригада и Министерството за внатрешни работи.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo