ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) КРАЖБА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Камери снимија како двајца млади крадат велосипед пред теретана!

(ВИДЕО) КРАЖБА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Камери снимија како двајца млади крадат велосипед пред теретана!

Видео од дрска кражба во скопската населба Аеродром се прошири на социјалните мрежи, откако безбедносни камери снимиле двајца млади момчиња како крадат велосипед пред теретаната „Атлета“.

Снимката ја објави Бојан Скендеровски во групата „Општина Аеродром – граѓанска патрола“, каде побара помош од граѓаните за идентификација на лицата кои се гледаат на видеото.

„Украден точак пред Атлета… Ако ги познава некој идиотиве нека исконтактира. Следува парична награда“, напиша тој во објавата која за кратко време почна масовно да се споделува.

На видеото јасно се гледа како едното момче му приоѓа на велосипедот и го зема, додека другото стои во близина и најверојатно внимава дали некој ќе ги забележи. Според реакциите на граѓаните, кражбата се случила среде бел ден, што дополнително предизвика револт и загриженост кај жителите на населбата.

Објавата предизвика голем број коментари на социјалните мрежи, а многумина апелираат лицата што побрзо да бидат пронајдени и санкционирани. Засега нема информации дали случајот е пријавен во полиција, но граѓаните активно го споделуваат видеото со надеж дека крадците ќе бидат препознаени.

ВИДЕО

Најнови вести