ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ИЗБУВНА ГОЛЕМ ПОЖАР: Изгоре туристички комплекс, дел од зградата се урнал!

(ВИДЕО) ИЗБУВНА ГОЛЕМ ПОЖАР: Изгоре туристички комплекс, дел од зградата се урнал!

Голем пожар избувнал во туристички комплекс во Москва, при што бил зафатен еден од познатите објекти во градот, познат како „Измаиловски Кремљ“, културно-забавен центар чија архитектура ја имитира познатата московска тврдина.

Според првичните информации објавени од руските медиуми на Телеграм, огнот брзо се проширил и зафатил голема површина од над 3.000 квадратни метри. Пожарот предизвикал сериозна материјална штета, а дел од конструкцијата, во која се наоѓала и просторија за „escape room“ игри, се урнала под силниот интензитет на пламените јазици.

Локалните жители сведочат дека пожарот се развивал брзо и дека густ чад можел да се види од голема оддалеченост. Засега нема информации за повредени или загинати лица, а причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е утврдена.

Руските служби за итни случаи спроведуваат истрага и работат на утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот, додека дел од медиумите нагласуваат дека точната локација и деталите сè уште се предмет на проверка.

Настанот предизвика големо внимание во јавноста, особено поради големината на комплексот и брзината со која пожарот се проширил низ објектот.

ВИДЕО

Најнови вести