На социјалните мрежи се појавија снимки од салата во Виена на кои се гледа како обезбедувањето на Евровизија одведува неколку лица поради пропалестински пораки и извици за време на натпреварот.
Обезбедувањето му пристапило на младич кој извикувал „Ослободете ја Палестина“ и се обидело да го замолчи. Откако не успеале во тоа, еден маж од обезбедувањето го соборил младичот на под.
Покрај тоа, објавени се и други снимки на кои се гледа како обезбедувањето отстранува уште две лица од публиката. Според наводите на корисниците на социјалните мрежи, тие за време на програмата извикувале пораки „Стоп за геноцидот“ и „Слобода за Палестина“.
Реакции и протести
Овие ситуации предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, каде корисниците дебатираат за односот на организаторите кон политичките пораки и протестите за време на овогодинешната Евровизија.
- Дел од јавноста смета дека станува збор за кршење на правилата на натпреварот.
- Други тврдат дека се работи за изразување политички став и поддршка за цивилите во Палестина.
Потсетуваме, во Виена пред почетокот на првото полуфинале се одржаа и протести против учеството на Израел, при што демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка на Палестина.






